АКТИВНОСТИ

        Убавината на уметноста проткаена со современата технологија во рацете на љубопитните деца беше бесценет украс на манифестацијата како дел од месецот на Франкофонијата. Соработката со галеијата Остен широко ни ги отвори вратите на својата изложба на дела од Пикасо и франкофони уметници. Изложба организирана во просториите на НУБ во присуство на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, амбасадорот на Република Франција, амбасадорот на Република Белгија и директорите на НУБ и Остен. И овој пат Градиме мостови изгради мост за повеќе копна.









Со желба за успешен и добар почеток на активностите кои следат:







Прва активност
На ден 13.12.2018 година беше реализирана активност со учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, Кисела Вода, ООУ „Емин Дураку“, с. Буковиќ и ПООУ „Драга Стојановска“ с. Дражилово. 





































Втора активност

На ден 19.2.2019 година беше реализирана втората активност со учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, Кисела Вода, ООУ „Емин Дураку“, с. Буковиќ и ПООУ „Драга Стојановска“ с. Дражилово. Учениците заедно со своите наставници ги посетија просториите на Македонска Филхармонија - Скопје, каде се запознаа со работата и функционирањето на истата, како и со просториите во неа. Во продолжение следеше активност преку која учениците на таблети ја пренесоа својата креативност за создавање на музичко дело, кое предизвика голем интерес и љубопитност .

























































Трета активност

На ден 21.3.2019 година беше реализирана третата активност со учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, Кисела Вода, ООУ „Емин Дураку“, с. Буковиќ и ПООУ „Драга Стојановска“ с. Дражилово. Учениците заедно со своите наставници ги посетија просториите на Национална и универзитетска библиотека, Скопје,  каде се запознаа со работата и функционирањето на истата, при што ги посетија просториите каде се чуваат и издаваат книгите, како и нејзините читални. Во продолжение следеше активност преку која учениците на таблети ја пренесоа својата креативност за создавање на е-книга, кое предизвика голем интерес и љубопитност кај нив.
















Четврта активност

На ден 3.4.2019 година беше реализирана четвртата активност со учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, Кисела Вода, ООУ „Емин Дураку“, с. Буковиќ и ПООУ „Драга Стојановска“ с. Дражилово. Учениците заедно со своите наставници ја посетија изложбата  организирана од галерија Остен во просториите на НУБ, Скопје. Изложбата беше сплет од франкофони уметници и уникатниот Пикасо. Секоја инспирација на младите креатори беше преточена во изработки на софтверска апликација на дел од нашите таблети.
































Петта активност

На ден 23.4.2019 година беше реализирана петтата активност со учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, Кисела Вода, ООУ „Емин Дураку“, с. Буковиќ и ПООУ „Драга Стојановска“ с. Дражилово. Учениците заедно со своите наставници го посетија Музејот на илузии - Скопје, каде со голема заинтересираност и љубопитност внимателно ги разгледаа и се фотографираа во секој дел од Музејот кој претставува по едно „парче“ илузија интересна за нив. По завршената посета учениците на таблети изработија карикатури кои беа исто така интересен дел од спроведената активност.



































Виртуелни средби, дружење, разговор, договор, експериментирање, истражување и донесување одлуки за подготовка на завршната активност  ДДД (Дуња, Дураку, Драга).

1) 6.5.2019 година (понеделник) 




















2) 13.5.2019 година (понеделник) 















Завршната активност беше реализирана на ден 15.5.2019 година (среда). Виртуелен преформан 2 е темата со која изградивме мост кој обедини три страни на реката наречена татковина. Сите ние сме исти, ако пред себе имаме иста заедничка поставена цел. Нашата цел е да ве сакаме сите вас. Нашата љубов во еден здив, на необичен начин, преку можностите што ни ги нуди современата технологија, музиката, светлината ја открива третата димензија на ДДД - Дуња, Дураку, Драга.



















No comments:

Post a Comment